Connect with us

Фудбал

Најмодерниот хрватски стадион од 80 милиони евра се распаѓа, паѓаат парчиња бетон (ВИДЕО)

Во неделата Осиек и Динамо одиграа дерби од Хрватската фудбалска лига, беше 1:1, а навивачите се револтирани бидејќи за малку ќе се случеше трагедија на најмодерниот стадион во Хрватска. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат парчиња бетон кои паѓаат од надворешната страна на трибината „Опус Арена“ во Осиек пред тоалетот, а за среќа не погодија ниту еден од навивачите, па избегната е можна трагедија.

„Опус Арена“ е отворена на 22 јули 2023 година, има капацитет од 13.005 седишта, а изградбата чинела околу 80 милиони евра. Неполна година по отворањето се случи оваа чудна ситуација бидејќи, а хрватските медиуми пренесуваат дека челниците на НК Осиек синоќа стапиле во контакт со градежни експерти и инспектори, кои веќе утрово почнале да ги истражуваат сите околности на овој потенцијално голем проблем. .