НАЈНОВА ВЕСТ: Косовската полиција спречи српски ракометен тим да влезе во Косово

Како што објаува весникот Бота Сот повикувајќи се на е-маил од косовската ракометна федерација на клубот „Топличани“ му е забранет влез во Косово за мечот кој требаше да го играат против Мокра Гора од Зубин Поток.

Натпреварот требаше да се игра вечерва во 19 часот во Косово, а потоа тимот да се вратат во Србија по завршување на натпреварот.

Иако клубот од Србија доставил барање до ракометната федерација на Косово за да им биде дозволен влез, сепак граничката полицијата дала негативен одговор на тоа барање, по што од косовската федерација го известиле српскиот тим дека нивното барање е одбиено.