Фудбал
Најпознатите рекорди на Светските првенства
Светското првенство во фудбал во Катар, 22. издание на најголемиот спортски настан во светот со милијарди гледачи, започнува со натпреварот меѓу Катар и Еквадор, во 18 часот.
Светското првенство ќе биде посебно по тоа што за првпат се одржува во зима, во екот на клупската сезона и во земја од Блискиот Исток.
Во 98-те години од одржувањето на Светското првенство, имаше моменти кои останаа иконски, многу од нив врежани во колективната фудбалска меморија.
Често се зборува за рекорден број голови. Првото место го држи германскиот напаѓач Мирослав Клосе со 16 голови. Од активните играчи кои ќе играат во Катар, најблиску до него со десет гола е сонародникот Томас Милер.
Ова се најпознатите рекорди од Светските првенства:
Земја со најмногу настапи на Светското првенство: Бразил (21)
Играч со најмногу титули: Пеле (1958, 1962 и 1970 година со Бразил)
Играч со најмногу настапи на Светското првенство: Лотар Матаус (25 за Германија)
Играч со најмногу голови на Светските првенства: Мирослав Клосе (16 за Германија)
Најстариот играч кој се појавил на Светско првенство: Есам Ел-Хадари за Египет во 2018 година (45 години и 161 ден)
Најстариот победник на Светскиот куп: Дино Зоф со Италија во 1982 година (40 години и 133 дена)
Најмладиот играч кој го освоил Светското првенство: Пеле со Бразил во 1958 година (17 години и 249 дена
Најмладиот играч што се појавил на Светско првенство: Норман Вајтсајд за Северна Ирска во 1982 година (17 години и 41 ден)
Најмногу победи на пенали: Германија и Аргентина по четири натпревари
Најмногу загуби на пенали: Англија, Италија и Шпанија по три натпревари
Најмногу елиминации во групната фаза на Светските првенства: Шкотска со осум од осум Светски првенства и Јужна Кореја со осум од десет Светски првенства.
Најголема победа на Светското првенство: Унгарија против Ел Салвадор во 1982 година (10:1)
Најголема победа во нокаут фазата на Светското првенство: Шведска против Куба во 1938 година (8-0)