Фудбал
Најстариот син на Меси, Тијаго е голем фан на Кристијано Роналдо
Лионел Меси и Кристијано Роналдо се веројатно најголемите ривали што сме имале шанса да ги гледаме во фудбалот.
Меси и Роналдо доминираат на фудбалската сцена повеќе од една деценија, а сигурно е дека ќе има долги дискусии за тоа кој е подобар фудбалер од двајцата.
Сепак, надвор од теренот, тие имаат многу добра врска, што изненади многумина. Тие го оставаат своето ривалство на теренот, а надвор од него имаат голема почит еден кон друг.
Меси откри дека дури и неговиот најстар син Тијаго сака да го гледа Кристијано Роналдо, и е негов голем обожавател.
„Тијаго го разбира фудбалот, а и Матео се подобрува. Тијаго сака да зборува со Суарез со кој се дружиме, а исто така коментира и за другите играчи на Барселона. Тој сака да го гледа Кристијано Роналдо и навистина е негов голем фан. Исто така тука се и Нејмар и Килијан Мбапе. Ми поставува многу прашања за сè и мило ми е што е толку заинтересиран за фудбалот“, рече Меси.