Connect with us

Фудбал

Наместо кај Елмас, оди кај Алиоски, има 20 години, важи најголем талент на Шпанија, но ги одбра милионите од Саудиска Арабија, наместо слава!

Младата шпанска ѕвезда, кој важи за најголем шпански потенцијал во моментов, Габри Веига, наместо кај Елиф Елмас во Наполи, заврши во Саудиска Арабија. Тој ќе биде нов соиграч на нашиот Алиоски во Ал Ахли. Угледниот новинар и трансфер гуру Фабрицио Романо ја објави веста, повикувајќи се и на изјава на тренерот на Селта Виго, каде Веига настапува во моментов, Рафа Бенитез, кој кажал дека преговорите со саудискиот клуб се во позитивна насока и наскоро ќе се реализира трансферот.

Бројни коментари стигнаа на адреса на младиот Веига поради ваквата одлука да ги избере милионите пред фудбалската слава, односно наместо во Европа да се развива и да игра на високо ниво, да замине во Саудиска Арабија. Најконкретен беше Тони Крос кој под објавата остави коментар „Срамота“.