Фудбал
Наместо крај на кариерата, Бонучи на 36 години ќе игра Лига на шампиони, претставен во новиот клуб (ФОТО)
Бонучи (36) летово го напушти Јувентус како слободен играч. Се споменуваше и можниот крај на неговата кариера, но овој искусен стопер во финишот на преодниот рок одлучи дека се уште не е готово и премина во Унион Берлин.
Италијанецот потпиша едногодишен договор со новиот клуб, но има и опција за продолжување на соработката на уште една година, доколку двете страни бидат задоволни од соработката. Тоа ќе зависи од настапите во тековната сезона.
Leonardo Bonucci ist Unioner 🔴⚪ pic.twitter.com/Er7qxwo2yw
— 1. FC Union Berlin (@fcunion) September 1, 2023
Унион Берлин пишува историја сезона по сезона. Овој мал клуб на сосема сензационален начин се пласираше во ЛШ е и вчера ги дозна своите ривали во групата. Тоа ќе биде голем Реал Мадрид, но и Наполи и Брага.