Connect with us

Фудбал

Наместо Лига на шампиони, одбра милиони-Уште еден одличен фудбалер потклекна под големите понуди од Саудиска Арабија

Готово е! Сергеј Милинковиќ-Савиќ по осум години го напушта Лацио и се сели во Ал Хилал во Саудиска Арабија. На италијанскиот клуб ќе му биде платено 40 милиони евра за одличниот српски играч за врска, кој реши следната сезона наместо во Лигата на шампионите да игра во Азија, каде што договори тригодишен договор и ќе стане соиграч на познатите асови како Рубен Невес, кој дојде од Вулверхемптон и Калиду Кулибали, кој пристигна од Челзи. Според медиумите, поранешниот играч на Војводина и долгогодишен репрезентативец на Србија ќе заработува 20 милиони евра годишно, а во договорот наводно е договорено да постои клаузула која ќе ја активира четвртата година од неговата соработка со Ал Хилал.

За неговите услуги беше заинтересиран Интер, но и Јувентус.