Connect with us

Фудбал

Наместо Пандев, Интер добива напаѓач од Франција?!

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека Интер има идеја по девет години да го врати на „Џузепе Меаца“ Горан Пандев. Но, друг италијански новинар Алфредо Педула вели дека од тоа нема да има ништо. Како што тврди тој Интер се свртел кон напаѓачот од Монако, кој настапува како позајмен од Лестер, Ислам Слимани.

Според тврдењата на овој новинар веќе се воспоставени контакти, па се очекува во следните 48 часа, кога и завршува преодниот рок во Италија, да биде познато дали Слимани ќе дојде во Милано или не.

Интер има потреба од четврти напаѓач по стандардниот тандем Лукаку-Мартинез и Алексис Санчез, бидејќи игра на три фронта, Серие А, Куп на Италија (полуфинале) и 1/16 финале на Лига Европа. Желбата на Конте е еден пехар, Купот или Европа лига, а за таа цел мора да има поголем број на играчи на располагање.