Connect with us

Фудбал

Наместо во Милан, Заниоло заврши во Галатасарај

Италијанскиот фубалер, досегашен член на Рома, Николо Заниоло се сели во Галатасарај. Ова го објави угледниот новинар, кој ретко грешки, Фабрицио Романо но и неколку италијански медиуми. Според информациите Заниоло ќе потпише договор со 2027-ма година со турскиот тим, за Рома ќе добие околу 20 милиони евра обештетување. Откупната клаузула на фудбалерот во Галатасарај ќе биде 35 милиони евра. Ова е изненадувачки трансфер, ако се знае дека до пред неколку дена, Заниоло беше поврзуван со Милан, а дел од италијанските медиуми тврдеа дека е завршена таа работа.