Фудбал
Напаѓачот кој го бара Арсенал ќе чини најмалку 100 милиони евра
Новинарот на Гардијан, Фреди Пакстон, фрли повеќе светлина врз плановите за трансфер на Арсенал . Според него, „топчиите“ стапиле во контакт со агентот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој е на врвот на листата на посакувани засилувања на Микел Артета. Нигериецот е подготвен да се пресели на „Емирати“, но неговиот клуб за него ќе бара најмалку 100 милиони евра, што практично значи дека е тешко да се постигне договор.
23-годишниот Осимен е баран и од Њукасл , но претпочита да го засили Арсенал . Неговиот евентуален трансфер многу зависи од тоа каде ќе заврши Наполи во Серија А. Доколку тимот заврши во топ 3 и директно се квалификува за Лигата на шампионите, наполитанците тешко дека ќе го продадат.
Од почетокот на кампањата во Серија А, Осимен има 23 натпревари и 12 гола, но го мачат повреди.
Артета го насочи и Тами Абрахам од Рома, за кој се смета дека може да биде привлечен за поразумна сума. Извесно е дека на лето Александре Лаказет ќе замине како слободен играч и „топчиите“ ќе бараат негова замена.