Connect with us

Фудбал

Напаѓачот на Арсенал: Целта ми е да играм редовно

Напаѓачот на Арсенал, Едуард Нкетија навести дека ќе го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. 22-годишниот Англичанец како главна причина за својата желба ја наведе можноста да игра редовно.

„Добив неколку предлози за нов договор, но мојата цел е да играм фудбал и да играм редовно. Ова е моја амбиција и се надевам дека ќе се случи“, изјави Еди Нкетија за време на гостувањето во спортскиот подкаст „Убавата игра“.

Според новинарот Фабрицио Романо, за Нкетиа се заинтересирани екипи и од англиската Премиер лига и од германската Бундес лига.

Оваа сезона Нкетиа има 21 натпревар за Арсенал со 5 гола, но ниту еден гол на 14 натпревари во Премиер лигата. Неговиот договор со Арсенал истекува на крајот на јуни оваа година.