Фудбал
Напната атмофера во репрезентацијата на Шпанија поради Ел Класико, фудбалерите од Реал и Барселона тренираат одвоено?! (ВИДЕО)
Атмосферата во шпанската репрезентација е доста напната. Новиот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте, веднаш на стартот на својот мандат на клупата на репрезентацијата се соочи со сериозен проблем – односот меѓу фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид е катастрофален.
🧐'GRUPITOS' en el entrenamiento de la SELECCIÓN
🙄Los jugadores del Barça por un lado, los del Madrid por otro. #ChiringuitoSelección pic.twitter.com/YIhbOZ1LMh
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 21, 2023
На првиот тренинг на репрезентацијата кој се одржа само еден ден по бурното Ел Класико во кое Барса победи со 2:1, одвоено тренираа репрезентативците од двата најголеми шпански клуба.
На едната страна Гави и Балде, а на другата Начо, Карвахал и Себаљос. Мора да играат заедно, а на тренинг не се ни погледнаа.
Да потсетиме, Шпанија на стартот од квалификациите за Европското првенство ќе ги одмери силите со Норвешка в сабота во Малага и три дена подоцна на гости кај Шокотска, а се очекува во средниот ред во двојка да играат Гави и Себаљос. Ќе биде исклучително интересно да се види како ќе функционира…