Connect with us

Фудбал

Наполи го направи првиот чекор, прв подарок за Гатусон вреден 20 милиони евра!

Секој момент се очекува Наполи да го официјализира првото засилување во јануарскиот преоден рок. Според неодамнешните наводите на „Калчомеркато“, сините се во последните детали за склучувањето на договорот за трансфер на Станислав Лоботка. Играчот од средниот ред, кој игра за Селта Виго, ќе се пресели на „Сан Паоло“ за 20 милиони евра. 25-годишниот фудбалер игра во Ла Лига веќе две години, кога Селта го купи од Нордсјиланд за 5 милиони евра.