Connect with us

Фудбал

Наполи го „прегази“ Ајакс во Амстердам, Клуб Бриж го шокираше Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа натпреварите од 3. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Ајакс и Наполи одиграа натпревар полн со голови, а никој не очекуваше дека гостите вака ќе го уништат тимот од Амстердам.

Натпреварот за Ајакс почна многу добро бидејќи поведе во 9. минута и никој не можеше ни да замисли каква катастрофа го чека. Стрелец на водечкиот и единствен гол за Ајакс на овој натпревар беше Кудус.

Потопот на домашните почна во 18. минута кога Распадори погоди за израмнување. Во 33. минута Наполи поведе, а голот го постигна Ди Лоренцо.

До крајот на полувремето се виде уште еден гол во мрежата на домаќините, а стрелец во 45. минута беше Зиелински на асистенција на Ангуиса.

На самото отворање на второто полувреме беше 1:4, а Распадори го постигна својот втор гол. Кварацхелија постигна гол за 1:5 во 63. минута, а конечниот резултат го постави Симеоне во 81. минута од натпреварот.

Ливерпул на свој терен забележа рутинска победа од 2:0 против Ренџерс. Головите ги постигнаа Александар-Арнолд во 7. минута и Салах од пенал во 53. минута од натпреварот.

Клуб Бриж оствари голема победа против Атлетико Мадрид на свој терен. Домашниот тим победи со 2:0 против фаворизираниот противник.

Совах погоди во 36. минута за 1:0, а Јутгла го постигна конечниот резултат на натпреварот во 62. минута. Ниту пеналот не му помогна на Атлетико Мадрид, бидејќи Гризман го промаши во 76. минута.

Порто победи против Баер Леверкузен на домашен терен. Двата гола беа постигнати во вториот дел.

Првиот гол го постигна Заида во 69. минута, додека конечниот резултат го постави Галено на асистенција на Тареми во 87. минута од натпреварот.