Фудбал
Наполи и Елмас може да почнат да го ладат шампањското по денешната победа (ВИДЕО)
Наполи славеше на гостувањето кај Лече со 1:2 со што собра 74 бодови или 19 повеќе од второпласираниот Лацио на девет кола до крајот. Вкупниот број на бодови кои се во игра се 27, па за да ја загуби титулата Наполи треба да загуби на поголемиот дел од мечевите за да остане без пехар, што секако е рамно речиси на нула.
Инаку, на денешниот меч Ди Лоренцо погоди во 18-та минута за 0:1, следуваше израмнување во 52-та кога погоди До Франческо, а победата на Наполи му ја донесе Гаљо со автогол. Македонскиот репрезнтативец Елиф Елмас го одигра целиот меч и беше меѓу еден од подобро оценетите играчи.