Connect with us

Фудбал

Наполи и Интер се договорија, 25 милиони за напаѓачот

Наполи се враќа во трката за Матео Политано, откако успешно го мина следното коло од Купот на Италија против Лацио. Клубот веќе постигна договор со Интер за новиот напаѓач, на позајмица до крајот на сезоната, а потоа ќе има можност и за купување. Доколку Наполи се одлучи да го купи играчот на крајот од сезоната, то би изнесувало околу 25 милиони евра, како што пренесува „Скај Спорт“.

Останува да видиме и дали Рома ќе сака да испрати нова понуда за напаѓачот откако не успеа размената Спиназола – Политано. Се дознава дека Интер е задоволен од понудата на Наполи, со оглед дека не сакаше директно да го продава играчот, туку да му го позајми со право на купување. Играчот, минатата недела, беше на еден чекор од Рома, како што сите знаете, во замена за Леонардо Спиназола.