Фудбал
Наполи купува нов лев бек, Гулам речиси играч на Јунајтед
Во Англија се тврди дека Мурињо проблемот на левата бековска позиција го реши и тоа со играч кој е мета на повеќе гиганти во Европа.
Јунајтед веќе подолго не смета на Лук Шо, па затоа опција е бекот на Наполи , Алжирецот Гулам за кого откупната клаузула е 60 милиони евра.
Наполитанците веќе имаат најдено и замена и тоа во редовите на Бенифика. За сума од 30 милиони евра е договорен Шпанецот Алехандро Грималди.