Connect with us

Фудбал

Наполи остана без неколку клучни играчи пред дербито со Милан

Во рамките на 18. коло од дербито на италијанската Серија А, Милан и Наполи во недела ќе го одиграат дербито на Сан Сиро.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети нема да може да смета на неколку клучни играчи на натпреварот против Милан.

Од една или друга причина во тимот ги нема Лоренцо Инсиње, Виктор Осимен, Марио Руи, Калиду Кулибали и Фабијан Руиз, додека за Олимпијакос пред неколку дена потпиша Костас Манолас.

Инсиње се уште не се опоравил од болеста. Осимен направи операција на лицето и се надеваше дека ќе се врати на теренот, но лекарите му забранија да тренира, дури и да носи маска. Повредени се и други играчи.

Спалети за натпреварот против Милан ги пријави следните играчи: Марфела, Мерет, Оспина; Ди Лоренцо, Гулам, Хуан Хесус, Малкит, Рахмани, Заноли; Ангуиса, Деме, Елмас, Лоботка, Зиелински; Лозано, Мертенс, Унас, Петанија, Политано.