Фудбал
Наполи вели прво титула, а потоа на маса со Елиф Елмас!
Наполи е речиси сигурно новиот шампион на Италија. По 27 кола има 71 бод или 19 повеќе од второпласираниот во моментов Лацио. Со оглед на формата и досегашните прикажани игри, вистинско чудо е некоја екипа да ги стигне.
Информациите од Италија велат дека Наполи е задоволен од учиникот и игрите на македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Тој сезонава има шест голови, а е трет стрелец во тимот зад Осимен и Кварцахелија. Елмас во моментов има договор до јуни 2025-та, со годишна плата од 1,5 милион евра. Остаува да се види дали овој договор ќе биде подобрен.