Connect with us

Фудбал

Наполи во хаос, казни за сите играчи. Алан станува пример

Поминаа дваесет дена од таа вечер, но негативниот ефект врз тимскиот морал сè уште е присутен. Фудбалерите на Наполи по натпреварот против Салцбург, го нарушија режимот што го диктираше претседателот Де Лаурентис. Овој потег на водачот на клубот никогаш не беше целосно прифатен. Некои од ИГРАЧИТЕ, особено Алан, дури имаа и физички контакт со Едоардо Де Лаурентис (син на претседателот).

Според „Gazzetta dello Sport“, Аурелио Де Лаурентис им наредил на своите соработници да го активираат Арбитражниот одбор, барајќи обештетување за штетата што ја предизвикал дејството на играчот. Висината на казната ќе биде еднаква на 25% од бруто-месечната плата. Алан ќе биде пример за сите и ќе биде казнет повеќе од кој било друг, до 50% од неговата плата. Вкупната сума на парични казни против играчите на Наполи се смета на околу 2,5 милиони евра.

Единствениот што не страда од оваа одредба е Кевин Малкуит, кој не беше присутен во соблекувалните на „Сан Паоло“ поради повреда на лигаментите, што ќе го задржи надвор од терените неколку месеци. Наполи ќе постапи и легално по прашањето за правата на имиџот на клубот и претрпената штета. Така, Де Лаурентис ќе побара обештетување и во овој поглед. Од своја страна, играчите контактираа со адвокатите за да дознаат како можат да се спротивстават на овие казни во клубот. Накратко, ова наскоро ќе стигне до „точката на вриење“, ситуацијата во Неапол не е воопшто добра.

Facebook

Реклама