Фудбал
Наполи задоволен од „македонскиот дијамант“, потпишува до 2025-та
По само една година во Серие А, откако дојде од Фенербахче, се чини дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги убедил челниците на Наполи дека е играч за иднината. Поради тоа, според италијанските медиуми, Наполи ќе му понуди, а тој ќе прифати нов договор до 2025-та година.
Елмас сезонава стигна и до првиот трофеј во својата кариера, Купот на Италија.