Поврзи се со нас

Фудбал

Направени нови тестови – фудбалерите на македонската фудбалска репрезентација немаат коронавирус

Откако денеска имаше сомневање дека фудбалер и членови на македонската фудбласка репрезентација се позитивни на коронавирус, по направените дополнителни тестови, истите се негативни и нема никаква опасноста.

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа во Талин каде што вечерва настапуваше против Ерменија, а натпреварот завши 3:3.

Со чартер лет фудбалерите и екипажот се враќаат вечерва за Скопје, а за два дена ги очекува и нов натпревар во рамките на Лигата на нации.

Advertisement