Connect with us

Фудбал

Наследникот на Ибрахимовиќ во Милан сигурно ќе биде на Балканец

Златан Ибрахимовиќ и официјално стави потпис на нов договор со Милан и следната сезона ќе го носи дресот на Милан, ќе игра фудбал на највисоко ниво и на 40 години.

– Убеден сум дека и ова на крајот ќе испадне позитивно. Многумина се сомневаа во мене пред да се вратам, мислеа деак сум готов. Направив нешто што ретко кој го прави. Докажав дека годините не се важни.

Затоа „росонерите“ ова лето ќе бараат уште еден голгетер, кој ќе го замени Марио Манџукиќ. Хрватот не се прослави откако потпиша за тимот во јануари и очигледно е дека неговиот најдобар фубал е далеку зад него.

Приоритет на Милан летово ќе биде Душан Влаховиќ од Фиорентина, но сериозен проблем ќе биде високото обештетување што ќе го бара клубот. Шпекулациите велат дека „виолетовите“ го проценуваат Влаховиќна 40 милиони евра, што е премногу за „росонерите“.