Connect with us

Фудбал

Натпревар Ливерпул – Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус

Компанијата „Еџ Здравје“ спроведе студија за влијанието на натпреварот Ливерпул – Атлетико во четвртфиналето од Лигата на шампионите врз ширењето на коронавирусот.

Овој меч доведе до смрт кај 41 лице од коронавирус, објави „Сандеј Тајмс“. Заболените починале 25-35 дена по натпреварот.

Според научниците, во моментот на натпреварот во Шпанија имало 640 илјади заразени, во Англија – 100 илјади.

Натпреварот се одигра во Ливерпул на 11 март, го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, град каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим.