Connect with us

Фудбал

Натпревар на кој можеше да заврши брилијантната кариера: „Ако беше некој друг воопшто немаше да се зборува толку многу“ (ВИДЕО)

Во сезоната 2010/11 година, кариерата на Лео Меси можеше да помине во сосема друга насока. Тоа беше во последните минути од натпреварот Атлетико Мадрид – Барселона.

Во последните минути владееше напнат натпревар на стадионот „Висенте Калдерон“, Томаш Ујфалуши тргна брутално на Аргентинецот и го повреди на десниот глужд.

Меси беше изнесен на носилки додека на чешкиот дефанзивец му беше доделен црвен картон. Неколку години подоцна, Ујфалуши се обиде да го „оправда“ неговиот старт.

„Немав среќа бидејки беше Лео беше во прашање, да беше некој друг немаше да се зборува толку. Јас ги разбирам медиумите, станува збор за Меси, најдобриот играч на светот. Луѓето уживаат во неговите игри“, рече Ујфалуши.

„Не можев да се запрам. Немав среќа затоа што згазнав на неговиот зглоб. Овие се работи што не ви се допаѓаат, но не можете да ги промените мислењата на другите луѓе. Жал ми е за тоа, но се случи“.

Патем, Ујфалуши направи старт кој можеше да ја уништи кариерата на можеби најголемиот играч на сите времиња со суспензија од само два натпревари.