Connect with us

Фудбал

Натпревар што требаше да биде многу повеќе од тоа

Сезоната во англиската Премиер лига е завршена, барем што се однесува до борбата за шампионот.

Ливерпул е целосно незапирлив за сите оваа сезона, па „црвените“ одамна се гледаа како нови шампиони, а трофејот беше потврден пред неколку дена, откако Манчестер Сити загуби од Челзи.

Вечерва на „Етихад“, граѓаните ќе го пречекаат новиот шампион на Англија. Овој меч, според проценките од почетокот на сезоната, требаше да се реши многу во борбата за титулата, но на крајот стана само обичен натпревар.

Меѓутоа, граѓаните сигурно ќе сакаат да докажат дека не се полош тим од Ливерпул. Тие сигурно ќе имаат голема желба да одиграат врвен натпревар и да го победат новиот шампион.

Ливерпул нема да се опушти. Јирген Клоп и компанијата очајно сакаат да ја надминат бројката од 100 поени до крајот на сезоната и да имаат причина да дадат се од себе вечерва.