Фудбал
Натпреварите во Ла Лига нема да бидат одложени доколку бидат откриени позитивни случаи во екипите
Сезоната 2019/2020 година на шпанската Ла Лига официјално продолжи, со натпреварот помеѓу Севилја и Бетис.
И, непосредно пред почетокот на мечот, Кадена Копе тврди дека натпреварите нема да бидат одложени доколку играч од тимовите што треба да ја одмери својата сила е позитивен за новиот коронавирус – што наводно било можност што се разгледувала.
Ако некој од играчите или вработените во клубот тестира позитивно за коронавирус пред натпревар, тие веднаш ќе бидат испратени на изолација и распоредот на натпреварите на тимот нема да се промени.
Она што, наводно, ќе се случи во случај на позитивни случаи, е дека сите играчи кои биле во контакт со заразените, ќе бидат тестирани во прва прилика – пред и по натпреварите.
Патем, Ла Лига се врати вчера по пауза од 93 дена поради пандемијата на коронавирусот.