Фудбал
Натпреварот на „Енфилд“ оценет како натпревар одговорен за ширење на коронавирус
Преку 3.000 навивачи беа присутни на „Енфилд Роуд“ на 11. март, кога Атлетико победи на Енфилд со 3:2 и обезбеди пласман во четвртфиналето од ЛШ.
Токму овој натпревар е оценет како одоворен за многу позитивни случаи кои се појавија во двете земји подоцна.
„Тоа беше голема грешка, навивачите на Атлетико не смееа да патуваат во Ливерпул. Мораше да има поголемо внимание и претпазливост“.
Сепак, Мартинез верува дека фудбалот ќе може да се игра наскоро.
„Фудбалот без навивачи е опција, фер е натпреварувањата да бидат завршено до крај“, се надоврза Мартинез Алмеида.
Градоначалникот на Мадрид, Хосе Луиз Мартинез Алмеида, ја критикуваше одлуката да им се дозволи на навивачите на Атлетико да патуваат во Англија на мечот со Ливерпул.