Поврзи се со нас

Фудбал

Натпреварот ПСЖ – Манчестер јунајтед ќе се игра без публика поради полициски час

Париз, 15 октомври 2020 (МИА) – Натпреварот од 1. коло од групната фаза од Лигата на шампионите Пари Сен-Жермен – Манчестер јунајтед ќе се одржи без публика. Средбата е  закажана за вторник, 20 октомври.

-текстот продолжува по рекламата-

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон воведе полициски час во регионот Ил-де Франс во кој влегува и Париз. Се забранува излегување на улица од 21 до 6 часот, како и посета на стадионите.

Претходно, УЕФА дозволи присуство на одреден број гледачи на стадионите доколку согласност дадат локалните власти. зс/

-текстот продолжува по рекламите-

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама