Connect with us

Фудбал

Навивач му ги бакнуваше копачките на Роналдо (ВИДЕО)

Квалификацискиот дуел за ЕВРО 2024 помеѓу Португалија и Босна и Херцеговина беше накратко прекинат на почетокот на второто полувреме. Навивач на домашниот тим истрча на теренот, стигна до Кристијано Роналдо, клекна пред него, му ги бакна копачките, стана, го гушна и го подигна, а потоа пред него го изведе познатото движење на Роналдо за прослава на гол. Инаку, Португалија славеше против БиХ со 3:0.