Connect with us

Фудбал

Навивачи го нападнаа автобусот на Бенфика, неколку играчи во болница!

Фудбалерот на Бенфика, Адрија Живковиќ е хоспитализиран во болница заедно со уште неколку други неогови колеги откако бил каменуван автобусот на нивната екипа од страна на навивачи кои биле незадоволни од резултетот.

Бенфика синоќа на свој терен одигра без погодоци и ја испушти шансата да се најде на врвот од табелата. Бенфика и Порто имаат по 60 бода, на девет кола пред крајот на првенството.