Connect with us

Фудбал

Навивачите се заљубени во него, Милан започна разговори за голем кам-бек!

Само втората половина од сезоната 2016/2017 беше доволна за фановите на Милан да се за заљубат во Жерард Делофеу. Шпанецот беше позајмен од Евертон на „Росонерие“, а тие не можеа да го купат на крајот на сезоната, бидејќи неговата цена се сметаше за превисока.

Оттогаш, името на Делофеу се користеше скоро во секоја трансфер период во Милано и сигурно не можеше да се промаши ниту сега, кога дури сме само малку оддалечени од јануарскиот трансфер период. Шпанецот во моментов игра за Ватфорд, каде е еден од најважните играчи за неговиот тим.

Формата на 25-годишниот фудбалер продолжува да биде доста добра, па Милан сериозно размислува да го врати на „Сан Сиро“ во јануари. Според италијанските медиуми, првите разговори започнале, при што се чини дека „Росонерите“ имаат малку потешкотии.

Англискиот клуб има многу понуди и бараат најмалку 40 милиони евра да го ослободат својот скапоцен камен. Таа бројка ја смета за премногу висока од Милан, при што се обидуваат да најде прикладно решение за двата табора. Се разбира, кам-бек на Делофео би ги израдувал фановите на Милан.