Фудбал
Навивачите го навредуваа Путин, УЕФА го казни здружението
УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Литванија поради скандирање против рускиот претседател Владимир Путин.
На квалификацискиот натпревар против Србија на 10 септември во Каунас, навивачите го навредуваа Путин поради руската инвазија на Украина. УЕФА ги брани сите политички пораки на натпреварите, па го казни Фудбалскиот сојуз на Литванија со 10.000 евра.
„Ова е прв пат да добиеме казна за вакво скандирање. Сите навивачи и цела Литванија го поддржуваат овој пристап и сигурно нема да барам од навивачите да го прекинат тоа. Поднесовме жалба, но за жал мислам дека таму мали се шансите УЕФА да ја промени својата одлука“, рече Едгарас Станкевичиус.
Фудбалерот на Олимпија Јустас Ласичкас им порача на навивачите само да продолжат и дека играчите ќе ги платат казните.