Фудбал
Навивачите на Барселона пред вечерашниот дуел со Реал Мадрид скандираа само едно име, испратија јасна порака до раководството (ВИДЕО)
Вечерва со почеток во 21 часот, Барселона и Реал Мадрид го играат реваншот во Купот на Кралот. Пред почетокот на овој дуел навивачите на Барса се собраа пред Камп Ноу, направија пиротехничко шоу, но и почнаа да скандираат Меси, Меси…Ова секако е јасна порака до раководството на тимот, откако излегоа информации дека Аргентинецот нема да го продолжи договорот со ПСЖ и дека следната сезона ќе има нов клуб. Секако фановите на Барса посакуваат тој да се врати „дома“.
🎥 | FC Barcelona fans chanting “Messi , Messi, Messi” pic.twitter.com/1qRkSsz13d
— PSG Chief (@psg_chief) April 5, 2023