Фудбал
Навивачите на Челзи подготвуваат протест против кандидатот-сопственик
Навивачите на Челзи од групата „We are Shed“ излегоа со повик до другите симпатизери да протестираат против Том Рикетс, кој е еден од големите фаворити за стекнување на клубот. Идејата е навивачите да подготват постери и транспаренти за да го покажат својот однос кон семејството Рикетс за време на саботниот натпревар на домашен терен против Брентфорд.
Чувствата против Чикаго Кабс избувнаа откако беше дистрибуирана е-пошта од Џо Рикетс, таткото на Том Рикетс, во која тој ги опиша муслиманите како „природен непријател“. Различни групи навивачи на Челзи веднаш реагираа и се изјаснија против нивниот клуб да биде вмешан во таков скандал.
Затоа Американците побараа средба со претставници на навивачите пред истекот на рокот за понудите на Челзи. На крајот, понудата на Том Рикетс беше избрана во конечната листа од четири понуди, од кои ќе се избере новиот сопственик.
„Нека биде јасно дека не сакаме некој поврзан со расизам, хомофобија, исламофобија, сексизам или други фанатични ставови на етничките малцинства, маргинализираните заедници или ЛГБТК + заедницата да го води нашиот клуб. Пораката која сакаме да ја испратиме директно до Том Рикетс, членовите на неговото семејство и Кен Грифин е јасна: држете се настрана од фанатиците или подалеку од Челзи“, стои во соопштението на предметната навивачка група.