Фудбал
Навивачите на Јунајтед го избраа најдобриот играч на овој клуб
На официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед, беше гласано за најдобар играч на сите времиња на овој клуб , а само пријавените навивачи на клубот од Олд Трафорд можеа да гласат.
Црвените Ѓаволи во последното коло од Премиер лигата против Ватфорд го одиграа својот 1000. натпревар во нависокиот ранг од англиското натпреварување. Во оваа чест, клубот одлучи да направи анкета на која беше избран најдобриот играч во историјата, а конкуренцијата беше жестока.
Кристијано Роналдо, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Сер Боби Чарлтон и многу други се бореа за оваа награда. На изненадување на многу навивачи на Црвените Ѓаволи, на крајот, Роналдо беше избран за најдобар играч во историјата на клубот.
Португалцот освои 24 отсто од гласовите пред Гигс, кој имаше 3 отсто помалку гласови. Роналдо играше шест сезони во Манчестер Јунајтед, а во 2008 година го предводеше овој клуб до титулата од Лигата на шампионите.
На крајот, навивачите на Манчестер Јунајтед го избраа најубавиот гол во историјата на клубот, а наградата му беше доделена на Вејн Руни за фантастичниот гол со ножици против Манчестер Сити. Најдобра одбрана имаше Давид де Хеа