Connect with us

Фудбал

Навивачите на Јунајтед на одличен начин му го честитаа 80-от роденден на Фергусон, неговата реакција ги воодушеви сите

Манчестер Јунајтед синоќа на домашен терен го победи Барнли со 3:1 во натпреварот од 20. коло на англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ стигнаа до трите бода пред своите навивачи и успеаја со победа да ја завршат 2021 година.

Натпреварот на Олд Трафорд го одбележа и Сер Алекс Фергусон кој синоќа беше на трибините. Легендарниот стручњак денеска го слави својот 80-ти роденден, а навивачите на Јунајтед го прославија на одличен начин.

Навивачите на Јунајтед покажаа одличен транспарент со кој му го честитаа роденденот на еден од најдобрите тренери на сите времиња.

Ова го воодушеви и Фергусон кој ја искористи приликата сето тоа да го „улови“ со својот мобилен телефон, а неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

Реклама

Facebook

Реклама