Connect with us

Фудбал

Навивачите на Јунајтед се „крстеа“ во него, оние на Интер плачеа поради заминувањето, а тој прими гол од половина терен (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед мислеше дека завршил голема зделка  – Давид де Хеа си замина од клубот како слободен играч, а Андре Онана пристигна за цели 52.500.000 евра! Неодамнешниот голман на Интер и репрезентативец на Камерун, кој го напушти тимот за време на Светското првенство во Катар, веднаш реши да доминира во тимот и да воведе ред,.

На подготвителниот меч против Ленс, камерунскиот голман направи неверојатна грешка – истрча далеку од голот што го чуваше, поради што набрзо беше казнет. Фудбалерот на противничката екипа го забележа неговиот потег и го лобуваше од речиси половина терен! Откако се обиде да дојде до топката која му прелета преку глава, Онана заврши заплеткан во мрежата.