Connect with us

Кошарка

Навивачите на Лејкерс потпишуваат петиција со која бараат да не му се предаде на Кузма шампионскиот прстен во случај на победа

Лос Анџелес, 4 октомври 2020 (МИА) – Навивачите на Лос Анџелес лејкерс се залагаат да не му се предаде шампионскиот прстен на напаѓачот Кајл Кузма доколку тимот од Лос Анџелес ја добие финалната серија против Мајами.

Петицијата веќе е потпишана од скоро 3.000 навивачи на Лејкерс.

Кузма се критикува за играњето во плејофот во НБА.

Третиот натпревар Мајами – Лејкерс ќе се одржи вечер по полноќ во 1:30 часот. зс/