Connect with us

Фудбал

Навивачите на Манчестер Јунајтед не издржаа и се степаа на Олд Трафорд

Историскиот пораз на Манчестер Јунајтед од Брајтон со 1-2 доведе до грди сцени на трибините на Олд Трафорд.

Тоа беше првпат „црвените ѓаволи“ да бидат поразени од овој противник на домашен терен.

Во текот на натпреварот домашните навивачи се степаа меѓу себе. Грдата слика ја уловија телевизиските камери.

Двајца поддржувачи се гледаат како се држат за грло додека другите околу нив се обидуваат да ги раскинат.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг стана првиот тренер на Јунајтед од 2014 година кој дебитирал со пораз.