Тајмаут
Навивачите на Мексико добија чудна забрана за Светското првенство во Катар
Светското првенство во Катар доаѓа на крајот на годината, а освен датумот, турнирот ќе биде специфичен и поради големиот број ограничувања за навивачите поради законите во земјата.
Последната забрана се однесува на мексиканските навивачи кои носат традиционални шарени маски на натпреварите, но организацискиот комитет на турнирот не се согласува со оваа традиција, велејќи дека навивачите не смеат да носат маски на трибините.
„Најновото ажурирање на правилата вели дека маските нема да бидат дозволени на стадионите“, се вели во соопштението на Мексиканската фудбалска федерација до навивачите.