Connect with us

Фудбал

Навивачите на Милан рушат рекорди на „Твитер“, овој играч по секоја цена го сакаат надвор од тимот!

Милан минува низ многу тежок момент, бидејќи натпреварот со Лече го втурна црвено-црниот тим во уште поголема криза.

Главниот виновник се гледа дека не е тренерот, туку играчите. Во центарот на критиката е несомнено Сусо, за кого се покрена иницијатива на социјални медиуми, со хаштагот „#Сусооут“. За неколку часа овој хаштаг собори рекорди, станувајќи најкористен во Италија.

Шпанецот минува низ многу лош момент, но и покрај тоа, тренерот Пиоли синоќа го зачува на теренот цели 90 минути. Ситуацијата изгледа хаотична за „Росониерите“, бидејќи тие се соочуваат со уште еден посилен противник следниот викенд каде ќе му гостуваат на Рома.