Connect with us

Фудбал

Навивачите на Наполи приредија „пекол“ за играчите на Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи вечерва од 21:00 часот го пречекуваат Милан на стадионот „Диего Марадона“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Милан има предност од 1:0 од првиот меч, а нема сомнеж дека ќе се соочи со повеќе од вжештена атмосфера во подножјето на Везув. Актуелниот лидер во Серија А ќе има поддршка од повеќе од 55.000 гледачи, а колку Наполитанците го сакаат и живеат за својот клуб, покажува и пречекот кој им го приредија на фудбалерите на Милан. И порано имало ситуации домашните навивачи да прават врева пред хотелот во кој е сместен гостинскиот тим, но никогаш не се случило навивачите постојано да бидат пред хотелот. Поточно, цела ноќ и утро.