Connect with us

Фудбал

Навивачите на нозе, Динамо Загреб се обидува да го врати македонскиот лав Аријан Адеми, дали ќе успее!?

Динамо Загреб сака да го врати својот легендарен капитен Аријан Адеми (32) од кинескиот Гуан. Репрезентативецот на Македонија го напушти Динамо на 30 март за милион евра и оттогаш за тој клуб забележа 18 настапи, два гола и три асистенции. Адеми беше член на Динамо од 2010 до 2023 година и за тоа време одигра 359 натпревари. Постигна 41 гол и асистираше 30 пати, освојувајќи 12 хрватски првенства и четири Купови.

Враќањето на Адеми го одобри новиот тренер Сергеј Јакировиќ. Според хрватските медиуми, Динамо веќе стапил во контакт со Адеми, но во овој момент неговото враќање е далеку. Адеми има договор со кинескиот клуб до 31 декември 2025 година и засега нема премногу шанси Кинезите да го пуштат.