Фудбал
Навивачите на Палестина на мечот со Австралија покажаа слики со клуч, еве што значи тоа!
Фудбалската репрезентација на Палестина вчера во квалификациите за СП 2026 беше поразена од селекцијата на Австралија со резултат 1:0.
Натпреварот се играше во Кувајт поради војната во Појасот Газа, а навивачите на палестинската репрезентација уште во седмата минута од натпреварот подигнаа палестински знамиња за да го одбележат датумот 7 октомври кога започна инвазијата на Палестина. Некои од навивачите држеа знаци на кои пишуваше „Слободна Газа“, како и нацртан клуч што ја симболизира Накба (катастрофа) кога голем број Палестинци беа протерани од своите домови за време на арапско-израелската војна во 1948 година.
Тогаш повеќе од 700.000 Палестинци беа раселени од своите домови, се со цел да се воспостави модерната држава Израел каква што ја знаеме денес. Од друга страна, фудбалерите на теренот излегоа со т.н „Палестинци“ – традиционални шалови од оваа земја.
На стадионот во Кувајт имаа поддршка од неколку свои навивачи како и од локалното население кое јасно застана на страната на Палестина. „Не ни е грижа за играта, дојдовме овде да испратиме порака до светот. Ние Палестинците секогаш ќе ги носиме нашите шалови и гордо ќе го истакнуваме нашето знаме“, изјави Ваел Јусеф Лабад, еден од поддржувачите на репрезентацијата на Палестина.