Connect with us

Фудбал

Навивачите на Партизан добија забрана за влез во Молдавија: „Дојдовте да умрете овде?“

Вкупно 12 навивачи на Партизан, меѓу кои и четири девојки, се приведени на аеродромот во Кишињев, бидејќи не им бил дозволен влез во Молдавија, пренесува Нова.рс.

Политичката позиција на Молдавија во моментов е таква што тие се чувствуваат несигурни кога се во прашање српските граѓани и решија да го спречат влезот на навивачите на Партизан во земјата.

„По пет часа во кои бевме третирани на многу груб начин, со многу јасно нагласена дискриминација од страна на граничната служба на Република Молдавија, се соочуваме со четиридневен престој во делот за депортација додека го чекаме повратниот лет во петок. Причините за депортацијата се тешко разбирливи, но дека сме Срби и навивачи и дека поради оваа причина не смееме да влеземе, ни ги одзедоа пасошите и ни беа врачени документи на молдавски јазик. Дојдовме само со една цел, а тоа е да го поддржиме Партизан во најважниот европски натпревар. На крајот се соочивме со потсмевни коментари од типот: ‘Ако Путин испрати ракета утре, вие ќе умрете овде!? Зошто да умрете овде? Умри во сопствената држава’. Чекаме помош од Србија и се надеваме дека ситуацијата ќе се реши што е можно поскоро. Повторувам,Ние само сакаме да го бодриме нашиот Партизан во четврток навечер“, Мирјана Радосављевиќ, 26-годишна девојка од Белград, која е во групата приведени навивачи, изјави од Молдавија.

За целиот случај се информирани властите во Србија, но и ФК Партизан, кој во четврток од 21 часот во нокаут фазата од Конференциската лига ќе игра против Шериф од Тираспол.