Фудбал
Навивачите на првиот клуб на Лионел Меси приредија фантастично шоу во негова чест (ВИДЕО)
Навивачите на првиот клуб на Лионел Меси, Њуелс Олд Бојс, на одличен начин го прославија триумфот на напаѓачот со Аргентина на Светското првенство во 2022 година.
На првиот домашен натпревар на тимот сезонава, кога Њуелс Олд Бојс го победи Велез Сарсфилд со 1-0, приврзаниците решија да ја прослават светската титула на Меси со шоу на трибините. Тие подигнаа огромен транспарент на кој беше прикажан Меси како дете со дресовите на тимот. Кореографијата беше комплетирана со чад и повеќе знамиња во клупски бои.
Newells Old Boys and Lionel Messi. ❤️🖤🇦🇷
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) February 4, 2023