Connect with us

Фудбал

Навивачите на ПСЖ беа воодушевени кога го видоа списокот со играчи за пресметката со Реал Мадрид

Лигата на шампионите вечерва конечно ни се враќа по пауза од речиси два месеци, а на програмата се осминафиналните натпревари.

Навивачите на најважната споредна работа во светот вечерва можат да уживаат во спектаклот на „Паркот на принцовите“ каде тимот на ПСЖ ќе го пречека Реал Мадрид.

Парижаните се меѓу главните фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите, но веќе имаат неверојатно тешка работа во осминафиналето бидејќи за противник ќе го имаат најтрофејниот клуб во ова натпреварување, Реал Мадрид.

Првиот натпревар се игра вечерва од 21 часот на Паркот на принцовите, а сигурно е дека не очекува голем спектакл.

Навивачите на ПСЖ до последен момент се плашеа што се однесува до Нејмар, бидејќи Бразилецот веќе неколку месеци е надвор од теренот поради повреда.

Утринава Маурисио Покетино го објави составот на играчи кои ќе конкурираат за вечерашниот натпревар, а навивачите се воодушевени што на списокот се најде Нејмар. Но, го нема Серхио Рамос кој нема да игра против својата довчерашна екипа поради пробелм со повреда.

Секако, најголема опасност за голот на Реал Мадрид освен Нејмар вечерва ќе бидат Лионел Меси и Килијан Мбапе.