Connect with us

Фудбал

Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ, а потоа стана Мурињо, погледнете што направи (ВИДЕО)

Рома на домашен терен ја совлада Сампдорија со 3:0. Ова беше прв дуел помеѓу Мурињо и Дејан Станковиќ како тренер. Само за потсетување овие двајца во 2010та година постигнаа огромен успех, едниот како тренер на Интер, другиот како фудбалер кога освоија тројна круна.

Но, во својата кариера Дејан Станковиќ играше за Лацио, градскиот ривал на Рома. Па, навивачите на „Волчицата“ уште ги паметат тие денови, па на мечот со Сампдорија го наврдуваа и скандираа.

Но, Мурињо покажа уште еднаш колку е голем професионалец. Стана од клупата и јасно им даде до знаење на навивачите да замолкнат. Тие го послушаа./