Фудбал
ФОТО: Навивачите не се баш одушевени: Барселона ги претстави дресовите за следната сезона
До крајот на сезоната во Шпанија има само уште едено коло, а во Барселона можат да бидат среќни, бидејќи имаат освоено двојна круна.
Каталонскиот клуб сакаше да ја заврши сезоната без пораз, но минатата ноќ им направи непријатно изненадување на своите навивачи по поразот од Леванте. Сепак, во Камп Ноу велат дека се задоволни со двојната круна.
Барселона веќе работи на подготовките за следната сезона, а клубот ги презентираше дресови во кои играчите на овој тим ќе настапат во следната сезона. Навивачите не се многу задоволни со она што Најк го подготви, особено во дизајнот на гостинските дресови.
